|
|
|
|
|
|
|
|
|
Демант
|
|
Во текот на вчерашниот и денешниот ден (29 и 30 мај 2008 година) во некои медиуми се објавени неточности во однос на овластувањата што ги има Дирекцијата за заштита на личните податоци. Погрешно е објавено дека Дирекцијата „кривично ќе гони поединци“ и „ќе покренува и води истраги“, а се однесува за прекршување на правните норми со задирање во податоците на граѓаните за партиски цели.
Согласно Законот за заштита на личните податоци, Дирекцијата води постапка за контрола и надзор над законитоста на обработката на личните податоци по службена должност и постапка за утврдување на повреда на правото на заштита на личните податоци по барање на граѓани, а при евентуално констатирани повреди поднесува барање за спроведување прекршочна постапка пред надлежен суд.
Дирекцијата за заштита на лични податоци во својата досегашна комуникација со средствата за информирање, никогаш не изјавила дека кривично гони, затоа што ваквите овластувања се во надлежност на органите за прогон, а не во нејзина надлежност, па имајќи го предвид досегашното транспарентно работење на Дирекцијата, на овој начин ја известуваме јавноста за неточноста што се објави во јавноста преку некои средства за информирање.
Дирекцијата за заштита на личните податоци како независен државен орган сервисно ориентиран кон граѓаните ги има новинарите и медиумите како свои партнери во работењето и е благодарна за досегашната успешна соработка.
|
|
ЈП „Водовод и канализација“
|
|
Дирекцијата за заштита на личните податоци го поздравува потегот на ЈП „Водовод и канализација“ Скопје за ковертирање на сметките за вода. Ова претставува позитивен пример за тоа како треба да се штитат личните податоци и се надеваме дека и другите комунални претпријатија од Скопје и другите градови во Републиката ќе го следат примерот на ЈП „Водовод и канализација“ Скопје. Овде може да го преземете писмото кое ЈП „Водовод и канализација“ Скопје им го достави на своите потрошувачи, објаснувајќи ја последната промена.
|
|
Читај повеќе
|
|
|
|
|
|
|
|